Почитувани клиенти,
Ви благодариме што ја избравте и посетивте нашата страница.
Ве молиме, пред да ги користите нашите услуги, внимателно прочитајте ги условите на користење, бидејќи продолжувањето на користење на нашата страница, значи прифаќање на сите долунаведени одредби за лична потреба и сопствена одговорност. МАРТИ АЛКО го задржува правото да ги промени/надополни овие услови во секое време, без претходна најава, затоа препорачуваме повремено посетување на овие одредби, затоа што се обврзувачки за сите корисници на сајтот. Интернет продавницата е овластена во согласност со својата политика на работење и без претходно објавување, да ја измени содржината на општите услови, продажниот асортиман на производите, малопродажните цени и другите податоци поврзани со продажба.
Цените на сите производи на нашата онлајн продавница се изразени во денари со вклучен ДДВ. МАРТИ АЛКО го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена доколку нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.
МАРТИ АЛКО го зачувува правото да отстрани кој било производ од оваа веб-страна во кое било време, или да отстрани и промени каков било материјал или содржина од неа. Иако секогаш ќе сториме сè што е возможно да ги процесираме сите нарачки, може да има исклучителни околности кои ќе нè принудат да го одбиеме процесирањето на нарачката откако сме ја испратиле Потврдата за нарачка. Го зачувуваме правото да го сториме тоа во кое било време.
Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, МАРТИ АЛКО ќе се залага за достапност на својата интернет страна 24 часа во денот. Во случај на привремена недостапност, односно прекин на интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на МАРТИ АЛКО , не превземаме никаква одговорност.
Називот МАРТИ АЛКО е трговски знак на Марти алко дооел Битола и се забранува секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност од Марти алко дооел Битола. Марти алко дооел Битола ги задржува сите права кои произлегуваат од трговскиот знак МАРТИ АЛКО.
МАРТИ АЛКО има авторско право врз сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци, програмски код). Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од интернет страната на МАРТИ АЛКО е забрането. Неовластеното користење на било кој сегмент од страната, без претходна дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за кршење на авторските права и подлежи на законски мерки.