martialko@martialko.mk
БРЕНДОВИ

Правила на купување

Регистрација Препорачливо е да се регистрирате пред да купувате во нашата онлајн продавница, но можeтe и да купувате и без претходна регистрација. Процесот на регистрација е многу едноставен, доколку се одлучите да бидете регистриран корисник во нашата онлајн продавница. За започнување на процесот на регистрација, потребно е да кликнете на полето "Мој профил", кое стои на врвот на страницата, веднаш до полето "Кошничка". Ќе се отвори нова страница со две опции, "Најави се" и "Регистрирај се". За регистрирани корисници потребно е само да се најавите со Вашата Е-пошта и Лозинка. Доколку сте нов корисник, потребно е да го пополнете приложениот формулар во делот "Регистрирај се", со внесување на Вашите лични податоци, кој воедно се пополнува само еднаш, а секој нареден пат кога ќе се логирате на сајтот, Вашиот профил ќе биде веќе постоечки и потребно ќе биде само впишување на Вашата Е-пошта и Лозинка.


Избирање на производ На почетната страница постојат неколку механизми преку кои Ви е овозможено поедноставно и подобро пребарување. Еден од начините за пребарување е преку Search bar менито, каде треба да го напишете точниот назив на производот и истиот ќе ви излезе во предлог прозор каде ќе можете да го одберете и разгледате. Доколку не го знаете точниот назив на производот кој ви е потребен, најдобар начин за пребарување ви е преку опцијата 'Производи' која стои најгоре на нашата страница. Со позиционирање на курсорот на опцијата 'Производи', се спушта прозорец каде производите се поделени според Бренд, Категорија, Возраст и Пакети кои се коментално активни, доколку со кликнување на опцијата 'Производи' се отвараат сите производи достапни за продажба и десно од производите имате филтер кој ви овозможува олеснето пребарување. Десно од опцијата 'Производи' имате уште два начини на пребарување, а тоа се опцијата 'Акциски Производи' поточно производи кои во моментот се со намалена цена и опцијата 'Сезонски Производи' доколку сакате да пребарувате производи чија намена е во одреден временски период од годината. Со кликнување на сликата од производот, вие влегувате во деталниот преглед за производот.

Штом изберете производ кој Ве интересира, од десната страна имате опциja 'Додај во кошничка' доколку сакате да го зачувате производот и опција 'Купи веднаш' доколку сакате производот да го купите веднаш.


Содржина на кошничка Кошничката ги содржи сите производи кои Вие сте ги додале или сте заинтересирани да ги купите веднаш. Тука можете да ја зголeмите или намалите количината на производи кои сакате да ги купите, и лесно може да избришете производи за кои веќе не сте заинтересирани да ги купите. Наплата на производи од кошничка Наплатата на производите кои сакате да ги купите е електронска. Откако ќе го изберете производот кој сакате да го купите, доколку сте регистрирани, притискате на опцијата 'Наплати' и се отвара нова страница каде треба да ги пополните податоците за електронска исплата на производот. За купување на производ без претходна регистрација, откако ќе го изберете производот кој сакате да го купите, потребно е во левиот дел од страната да ги запишете Вашите лични податоци и адресата на која сакате да се достави производот, притискате на опцијата 'Наплати' и се отвара нова страница каде треба да ги пополните податоците за електронска исплата на производот. Веднaш после нарачката, Вашите средства се резервираат заради потврдување на достапноста на производот. Откако ќе се потврди достапноста на производот, Вие ќе добиете порака дека производот е достапен.

Нашите брендови

Ние користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето искуство на нашиот веб сајт.

Прочитај повеќе