Марти Алко е основана од Лилјана Јованова и Митко Ачевски во 1994-та година. Нашиот сон отсекогаш бил да имаме фармацевтска веледрогерија која ќе дистрибуира светски фармацевтски брендови на македонскиот пазар.

Нашата приказна започна благодарејќи на нашата работа и нашите партнери кои не поддржуваат и ни ги даваат правата да бидеме ексклузивни застапници  за нивните брендови.

Денес ние сме горди на тоа во што прерасна нашата компанија – динамична и брзо растечка компанија, богата со достигнувања со докажан успех во дистрибуцијата на лекови што прават значителна разлика за здравјето на луѓето.

Активноста на Марти Алко е фокусирана на маркетинг, промоција и дистрибуција на фармацевтски производи во Македонија. Ние сме фокусирани на брендовите за кои што имаме ексклузивни права за Македонија.

Производите што Марти Алко ги дистрибуира им овозможува на луѓето да имаат корист од достапни квалитетни решенија за самозаштита и ефективни терапевтски опции и услуги кои го подобруваат нивниот живот.

Имаме долгогодишно искуство во фармацевтскиот бизнис во Македонија и низ сите овие години развивме многу добра мрежа и стратегија за маркетинг, промоција и дистрибуција на фармацевтски производи.

Постојано бараме нови партнери и нови фармацевтски брендови кои можеме да ги застапуваме во Македонија. Бараме партнери кои имаат иновативни фармацевтски производи, покривајќи ги дневните, општи и специфични потреби на современите луѓе.

За да го постигнеме ова, на нашите партнери им го нудиме нашето искуство и стратегија за маркетинг, промоција и дистрибуција на фармацевтски производи.

Нашата цел е да продолжиме со нашето партнерство со нашите сегашни партнери и да го прошириме нашето партнерство со нови иновативни фармацевтски компании.

Продолжувајќи го нашето корпоративно наследство, се трудиме да станеме добро естаблирана фармацевтска веледрогерија во Македонија со водечки фармацевтски брендови кои го подобруваат квалитетот на животот на луѓето.