Sinomarin® E.N.T. 200 ml

100% Природен 100% Безбеден Клинички Докажан Назален Деконгестив

Идеален за деца над 10 години и возрасни.

  • Ја ослободува назалната конгестија (затнатиот нос)
  • Чисти и одзатнува 
  • Промовира брзо закрепнување после едноназален хируршки зафат

Единствен 2.3% NaCl хипертоничен раствор од морска вода кој што може да се употребува континуирано со месеци без притоа да се има било каков несакан ефект. 

Sinomarin® E.N.T. 200 ml е 100% природен клинички докажан назален деконгестив (одзатнувач на нос). Sinomarin® E.N.T. 200 ml е 100% природно решение кое ќе Ви помогне да дишете полесно.

Моќна, динамична џет-пумпица со волумен на испрскување од 4-6 ml/s која не оксидира, безбедно затворена, која дава можност за употреба на производот до неговиот рок на употреба.

Хипертонично решение од морска вода со 2.3% концентрација на NaCl, богат со минерални соли и елементи во трагови (корисни состојки од морето). 100% природен, 100% безбеден, без лекови, презервативи или хемиски адитиви. Без несакани дејства и без контраиндикации. Безбеден за деца над 10 години, безбеден за користење за време на бременост и доење. Одличен степен на толеранција.

Sinomarin® E.N.T. 200 ml механизам на дејство:

  1. Хипертоничен раствор на морска вода:
  • Го намалува отокот на назалната мукоза преку индуцирање на осмотски притисок кој доведува да водата излегува од потечените назални ткива
  • Ја намалува продукцијата на инфламаторни медијатори, а со тоа овозможува намалување на инфламацијата
  • Ја разредува вискозноста на мукусот преку својата висока јонска сила ги ослабува јонските врски
  • Промовира ефикасен мукоцилијарен клиренс и ја нормализира физиолошката хидратација на цилијарниот слој
  • Го забрзува заздравувањето и ја нормализира функцијата на епителното ткиво
  • Заштитува од секундарни инфекции и компликации

Sinomarin® E.N.T. 200 ml се препорачува:

  • По едноназален хируршки зафат
  • За хронични синоназални состојби
  • Во случај на густ и пурулентен секрет

ЕФИКАСЕН САМ, ЕФИКАСЕН КАКО ДОПОЛНИТЕЛЕН ТРЕТМАН

Начин на употреба: За возрасни и деца над 10 години 1-3 впрскувања во секоја ноздра, 2-3 пати на ден.