CHLORHEXIL EXTRA MOUTHWASH 1,5L

CHLORHEXIL EXTRA 1,5L раствор за испирање на усната шуплина

Моќна формула со три антимикробни агенси кои активираат силен антибактериски одбрамбен механизам во усната шуплина.

Chlorhexil EXTRA обезбезбедува силна и долготрајна антимикробна заштита. Обезбедува ефикасна стерилизација на усната шуплина при дентални хируршки зафати, ставање на импланти, максилофацијална хирургија, отстранување на цисти, апикотомии, френулоктомија и импактирани заби.

Индикации:

  • Обезбедува антибактериско, антиинфламаторно и адстригентно дејство, активирајќи во непцата силен антибактериски одбрамбен механизам.

Состав:

  • Chlorhexidine 0,20%
  • Triclosan 0,1%
  • CPC 0,05%

Механизам на дејство:

Chlorhexidine е хемиски антисептик кој има широк спектар на антибактериско дејство и е многу добро апсорбиран од страна на забното ткиво и усната шуплина. Неговата можност за постепено ослободување овозможува 12 часовна антибактериска заштита на усната шуплина. Chlorhexidine  во концентрации поголеми од 0,1% има бактерицидно дејство (ги убива бактериите)Антибактериската формулација е зајакната поради присуството на антимикробните агенси Triclosan 0,1% + CPC 0,05%.